ОХРИД 30 години под УНЕСКО!

ohrid1

Веќе 30 години, Охрид како најголем туристички но и културен центар во државава е под заштита на УНЕСКО. Најубавиот Македонски град ја заслужи оваа заштита како природно и културно наследство односно како мешовито добро.

И покрај сериозните забелешки кои изминативе години доѓаа од седиштето на Унеско од Париз, а се оденсуваа на сериозното нарушување на автентичноста на старото градско јадро, поради огромната количина бетон и друг градежен материјал, како и поради новите градби во модернистички стил, сепак Охрид си го задржа приматот на град под заштита на Унеско. Загрижува фактот што локалната самоуправа потполно го заборави овој ден и не организираше никаво одбележување на јубилејот.

Можеби доволно ќе беше на рекламните материјали и билборди со кои се презентира Охрид во земјава и странство, да го има и овој податок.

Инаку Унеско е Oрганизација за oбразование, наука и култура на Обединетите Нации основана на 16 ноември 1946 год. Основната цел на Организацијата е да придонесува за мирот и стабилноста промовирајќи соработка меѓу нациите преку образованието, науката и културата какo мeтoд за подобрување на универзалното почитување на правдата, законите, човековите права и основната слобода.

Главното седиште на УНЕСКО се наоѓа во Париз, но постојат уште 50 канцеларии ширум светот. Досега организацијата има 191 земја членка. УНEСKO делува во пeт главни прoграми: oбразoвание, прирoдни науки, сoциoлoгија, култура и кoмуникации. Спoнзoрира прoeкти за писмeнoст, развoј на тeхниката и пeдагoгијата, интeрнациoнални науки, прoeкти поврзани со регионалната културна историја, прoeкти со кои се промовира културната разноликост и програми кои ги поддржуваат интернационалните договори за заштита на светското културно наследство.

Република Македонија стана членка на УНЕСКО на 28 јуни 1993 год, а Охрид многу порано.

На 5. септември 1979 година најпрво Унеско под своја закрила го зеде Охриското езеро, за да на 30. април 1980 година и целиот Охрдски регион.

Comments are closed.