Голема културна манифестација во Лозана

kultura-London to Host Days of Macedonian Culture.jpg

По покана на македонското здружение “Александар Македонски” од Швајцарија, во петок на 14- ти јуни КУД “ИЛИНДЕН” од Македонија ќе учествува на мултикултурна средба на Ouchy во Lausanne. Културно уметничкото друштво “ИЛИНДЕН” својот концерт ќе го отпочне во 19 часот и истиот ќе биде во времетраење од два пати по 45 минути. Како репрезент на македонската традиција и култура, КУД “ИЛИНДЕН” својата програма ќе им ја презентира на присутните. За да уживаме заедно во македонските песни и ора, Ве покануваме сите Вас кои живете токму во Швајцарија. Сите оние кои ќе сакаат повторно го видата танцот на КУД “ИЛИНДЕН” нека дојдат во сабота, 15-ти јуни од 14 часот до 17 часот на уште еден концерт во Yverdon-les-bains кој ќе се одржи на подиумот пред железничката станица или пак, во недела, 16-ти јуни каде ќе не претставуваат на дефилето CORTÈGE D’ABBAYE со почеток во 14 часот и 30 минути во градот Yverdon-les-bains. По завршувањето на дефилето КУД “ИЛИНДЕН” како за крај на своето гостување во 16 часот и 30 минути во место St-Barthélemy, каде што воедно се одржува и турнир во мал фудбал, ќе одржат уште еден концерт.

Comments are closed.