Александровиот САРКОФАГ

Александарскиот саркофаг е камен саркофаг од IV век п.н.е. украсен со барелјефни резби со Александар Македонски… Гробница Александарскиот саркофаг е камен саркофаг од IV век п.н.е. украсен со барелјефни резби со Александар Македонски. Откриен е во некропола близу Сидон, Либан во 1887, и денес е изложен во Истанбулскиот Археолошки Музеј. Најпрво се сметало дека саркофагот му припаѓал на Абдалоним, кралот на Сидон назначен од Александар, но некои стручњаци сега сметаат дека ова е саркофаг на Мазеј, персиски благородник, управител на Вавилон. Саркофагот е направен од полихромен пентелски мермер во облик на грчки храм. Резбите на едната долга страна го прикажуваат Александар во борба против персијците во Битката кај Ис. Александар е прикажан на коњ, со лавовска кожа на главата, подготвувајќи се да фрли копје на персиската коњица. Некои стручњаци сметаат дека вториот македонски коњаник близу средината е Хефестион, побратимот на Александар. Третиот македонски коњаник се смета дека е Пердика. На другата долга страна Александар и македонците ловат лавови заедно со Абдалоним и персијците. Едната кратка страна содржи сцена со Абдалоним како лови пантер. Фронтонот над тоа е изрезбан со Абдалоним во битка. Другата кратка страна ја прикажува Битката кај Газа, а фронтонот над тоа го прикажува убиството на Пердика. Паско Кузман и неколку археолози од Турција на 22 април 2009 во Истанбул, се договориле Македонија да направи копија на мермерниот саркофаг, при што копијата би била изложена во македонски музеј.

Comments are closed.