Кире Лазаров и официјално во Барселона

lazarov-300x196

Нашиот најдобар ракометар и еден од најдобрите ракометари во светот воопшто, Кирил Лазаров е нов член на Барселона. Оваа информација ја потврди и каталонскиот гигант на својот Твитер профил.

Екипата на Барселона работи со полна пареа и има намера да направи спектакуларен тим за следната сезона. Откако пред неколку дена за Каталонците потпиша најдобриот француски ракометар Никола Карабатиќ, челниците на Барселона го ангажираа и нашиот најдобар ракометар.

По три години минати во шпанската лига, но во екипата на Атлетико Мадрид, Кирил Лазаров се преселува во екипата на Барселона. Лазаров успешно ги минал лекарските прегледи, а во следниве неколку седмици ќе отпатува во Барселона за да ги договори сите детали од договорот.

„Чест и задоволство ми е што во наредниот период ќе бидам дел од спортската институција Барселона. Ова за мене е уште еден чекор понапред во мојата кариера и се надевам со мојот придонес , Барселона ќе биде поквалитетен тим, кој ќе остварува како и секогаш зацртаните цели. Добро ми е познат системот на игра, бидејќи веќе подолго време сум учесник во ASOBAL лигата и сигурен сум дека брзо ќе се вклопам во него” – вели Кирил Лазаров.

Comments are closed.